Апсења во Министерството за животна средина
Се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „давање поткуп“...

МВР поднесе кривични пријави против 16-мина, 7 службеници во Министерството за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, како и 9-мина сопственици, управители или овластени лица во компании. Се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „примање поткуп“ и „давање поткуп“.
Службените лица на компаниите им овозможувале да се стекната со дозволи за вршење дејност-увоз на стоки со ознака Д4, противправно да се стекнат со истите и покрај тоа што не поседуваат целокупна документација.
Тие вршеле редовни инспекцијски контроли. Во записниците внесувале лажни податоци, кои не соодвествувале со состојбата на лице место со цел да не бидат казнети, а да бидат фаворизирани пред други правни субјекти. За возврат добивале парични средства, угостителски услуги и патувања во земјата и странство.
По наредба од јавен обвинител од слобода се лишени тројца од осомничените. Едно е недостапно. На тројцата осомничени Судија на претходна постапка им одредил мерки на претпазливост, и им се одземени патните исправи со обврска да се јавуваат во Суд.
