Користење природни суровини во земјоделството
16.10.2015 10:37
Биоекономијата е нова во светското земјоделско производство. Целта е во користењето на обновливи биолошки суровини...

Не само користењето био енергија, туку на пример, и производство на кеси направени од компири е новиот приоритет на современото земјоделство.
Биоекономијата треба да донесе раст и одржливо користење на природните ресурси. Секоја земја треба да развие сопствен модел според раположивите потенцијали.
Со ограничени ресурси, продуктивноста мора да се зголеми со нова технологија, искуство и инвестиции.
Одговорноста за биоекономијата треба да ја понесат државите, меѓународните организации, невладиниот сектор, индустријата и науката.
Методија Трајков
