Во близина на Бугарско-турската граница убиен мигрант

16.10.2015 10:48

Од полицијата соопштуваат дека граничната патрола вчера наишла на група од 50 престапници на возраст од 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци, кои илегално влегле во земјата...

Бугарската гранична полиција во близина на границата со Турција пукала врз еден мигрант по што тој починал на пат кон болницата.

Од полицијата соопштуваат дека граничната патрола вчера наишла на група од 50 престапници на возраст од 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци, кои илегално влегле во земјата.

При апсењето тие давале отпор, а еден од полицајците пукал во знак на предупредување.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кој вчера учествуваше на самитот на ЕУ за бегалци, веднаш по веста за инцидентот на границата ја напуштил средбата во Брисел.