Осум години од загинувањето на Тоше Проески
16.10.2015 10:55
И годинава 16 маратонци во чест на Тоше тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше...

И по осум години не згаснува споменот на Тоше Просеки. На денешен ден пред осум години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.
И годинава 16 маратонци во чест на Тоше тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше.
Тие треба да стигнат денеска во Крушево и да се поклонат на неговото вечно почивалиште.
Фановите на Тоше и годинава на 5-ти октомври го организираа „Ѕвезденото небо“ одбележувајќи осум години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен.
