Уапсен поранешниот премиер на Молдавија поради корупција

16.10.2015 11:20

Филат бил формално одведен на испитување поради „кражба“ на милијарди долари и според молдавскиот закон, може да биде задржан во притвор 72 часа, по што судот мора да донесе одлука за неговиот статус...

Поранешниот премиер на молдавија Влад Филат уапсен е во парламентот поради корупциски скандал, што предизвика масовни протсти и пад на националната валута.

Филат бил формално одведен на испитување поради „кражба“ на милијарди долари и според молдавскиот закон, може да биде задржан во притвор 72 часа, по што судот мора да донесе одлука за неговиот статус.

Главниот обвинител на Молдавија, Корнелиу Гурин побара порано денеска од парламентот на Филат да му се одземе пратеничкиот мандат, поради кривично гонење.