ЕУ и Турција договорија акциски план за мигранти

16.10.2015 11:23

Според претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Турција мора да ги исполни своите обврски...

Лидерите на ЕУ одобрија акциски план за да и се помогне на Турција со приливот на имигранти, а за возврат ќе добие отстапки од Брисел, вклучително полесно добивање визи.

Според претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, Турција мора да ги исполни своите обврски, бидејќи „акцискиот план има смисла само ако се сузбие приливот на бегалци“.

Германската канцеларка Меркел по состанокот изјави дека Унијата разгледува финансиска помош за Турција од околу три милијарди евра, за да и помогне да ги задржи сириските бегалци на свое тло и да ги одврати од заминување во Европа.