Вељаноски на Конференција на претседатели на Парламенти во Будимпешта
16.10.2015 11:30
Во рамките на конференцијата, Вељаноски ќе говори на првата сесија- „Југоисточна Европа на патот кон Европската Унија“...

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на покана на претседателот на унгарското Национално собрание, Ласло Ковер, ќе учествува на седмата конференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан.
Во рамките на конференцијата, Вељаноски ќе говори на првата сесија- „Југоисточна Европа на патот кон Европската Унија“, а на втората, на тема „Актуелни безбедносни предизвици во Југоисточна Европа - можни решенија“, покрај обраќањето ќе биде и ко-претседавач заедно со домаќинот на конференцијата, претседателот на Националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.
