Јанева бара избраните помошници да не дадат свечена изјава
„Јавните обвинители треба да ја покажат својата професионалност, стручност и самостојност во донесувањето одлуки и дека сите предложени јавни обвинители во мојот тим имаат заслужен кредибилитет да бидат дел од него“, стои во дописот до медиумите...

Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева бара Советот на јавните обвинители да закаже седница и да го избере нејзиниот предложен тим.
„Јавните обвинители треба да ја покажат својата професионалност, стручност и самостојност во донесувањето одлуки и дека сите предложени јавни обвинители во мојот тим имаат заслужен кредибилитет да бидат дел од него“, стои во дописот до медиумите.
Јанева со препорака до избраните обвинители да не дадат свечана изјава, бидејќи како што стои во соопштението, тоа би било потврда на одлуката на Советот, која е спротивна со Законот за јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
