Десетици жртви во бомбашки напад во Нигерија

16.10.2015 11:58

Експлозиите се случиле за време на вечерната молитва во џамијата во западното предградие Мајдугури, град важен за екстремистите на Боко Харам...

Десетици луѓе загинале во една џамија на североистокот од Нигерија кога повеќе напаѓачи активирале бомби. Според очевидци, загинале сите што биле во џамијата.

Експлозиите се случиле за време на вечерната молитва во џамијата во западното предградие Мајдугури, град важен за екстремистите на Боко Харам.

Терористичката група ги зајакна нападите на цивилни цели во последните неколку месеци користејќи бомбаши самоубијци и експлозивни рачни направи.

Седум луѓе биле убиени во напад претходно неделава во предградие на Мајдугури.