СДСМ: Нема преговари ако не се комплетира тимот на Специјалното обвинителство
16.10.2015 12:37
Од партијата бараат итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница...

Опозицискиот СДСМ соопшти дека преговорите меѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители.
Од партијата бараат итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница за,како што наведуваат во дописот, кршењето на Законот за јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски.
