Полиција на улиците на Ерусалим по серијата напади
16.10.2015 12:40
Израелските безбедносни сили од денеска воведоа ограничување за пристап на муслимани за петочната молитва во џамијата Ал Акса на светиот рид во стариот град...

Околу шест илјади полицајци денеска патролираат на улиците на Ерусалим, како дел од безбедносните мерки за спречување нови палестински напади, по серијата напади на јавни места.
Дополнителни сили се распоредени во стариот град и во источен Ерусалим. Израелските безбедносни сили од денеска воведоа ограничување за пристап на муслимани за петочната молитва во џамијата Ал Акса на светиот рид во стариот град.
Пристап им е дозволен само на мажите над 40 годишна возраст.
