Свеченост по повод Денот на Здружената оперативна команда

16.10.2015 12:57

Командантот на ЗОК, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, говореше за задачите и улогата на командата, но и направи краток историски осврт на македонското востание и значењето за македонската историја...

Во кумановската касарна „Боро Менков“ свеченост по повод Денот на Здружената оперативна команда. Командантот на ЗОК, бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, говореше за задачите и улогата на командата, но и направи краток историски осврт на македонското востание и значењето за македонската историја.

Здружената оперативна команда егзистира од почетокот на формирањето на АРМ како корпус. Во 2000-та година се трансформира во Прв армиски корпус, две години подоцна се преименува во Команда на копнената војска, а од 2005-та е со сегашниот назив, според стандардите на НАТО.

По официјалниот дел, присутните имаа можност да го погледаат историското катче во просториите на командата кадешто се наоѓаат печатот на штабот на Кресненското востание и неколку артефакти од тој период.