Вељаноски: Интеграцијата во ЕУ е стратешка определба на Македонија
Свесни сме дека членството не претставува подарок, туку дека бара пред се доследно спроведување на реформите, потенцирал спикерот Вељаноски во обраќањето...

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на покана на претседателот на унгарското Национално Собрание, Ласло Ковер, учествува на седмата Кконференција на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан.
Интеграцијата во Европската Унија е наша стратегиска определба. Свесни сме дека членството не претставува подарок, туку дека бара пред се доследно спроведување на реформите, потенцирал спикерот Вељаноски во обраќањето.
Стабилноста и мирот во регионот значи и стабилност и мир во Европа, но една членка на НАТО и на Обединетите нации перманентно ги крши основните принципи на меѓународните организации, посочил Вељаноски.
