Нова фабрика во индустриската зона во Бутел
Фабриката за производство на електрични делови се наоѓа на една од трите продадени парцели во зоната предвидена за лесна и незагадувачка индустрија...

Компанијата „Дормак“ е првиот инвеститор кој гради фабрика во индустриската зона „Расадник“ во општината Бутел. Фабриката за производство на електрични делови се наоѓа на една од трите продадени парцели во зоната предвидена за лесна и незагадувачка индустрија.
Вицепремиерот Пешевски и градоначалникот Трајановски во рамки на посетата на општина Бутел, го пуштија во употреба и патот кој го поврзува Радишани со Љубанци. За асфалтната траса долга 1.200 метри се издвоени околу 10 милиони денари општински пари.
Идната година оваа општина ќе добие и проширена градинка со пет нови занимални кадешто ќе можат да се анимираат дополнително 100 деца. Пешевски го посети и реновираното училиште Климент Охридски. За замена на кровот, термо-фасадата, прозорците и ентериерот општината потрошила 85 илјади евра.
Во тек е изградба на атмосферска канализација на улицата Боца Иванов која води до гробиштата. Проценката е дека со овој проект во значителна мера ќе се овозможи акумулирање на врнежите и превенција од поплави.
Анита Димитријевска
