Сопственикот на „Попова Кула“ го тужи Доминик Строс Кан
Македонскиот деловен човек Јордан Трајков, сопственикот на винарската визба „Попова Кула“ е вториот тужител против Доминик Строс-Кан во аферата со фондот за инвестирање ЛСК од Луксембург, во која загубил 400.000 евра...

Македонскиот поранешениот меѓународен банкар, Јордан Трајков според пишувањето на „Паризиен Ожурдуи“ е вториот кој поднесе тужба против Доминик Строс Кан, поранешниот генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд, кој беше претседател со фондот ЛСК неколку месеци пред објавувањето на банкротот во ноември 2014 година.
Според пишувањето на парсикиот весник, Јордан Трајков на 5-ти септември 2014 година купил 8 обврзници од фондот ЛСК по цена од 50.000 евра секоја, односно инвестирал 400.000 евра. Поранешниот банкар, кој сега работи со вино, им забележува на раководителите на Фондот дека ја маскирале реалноста.
Јордан Трајков не е единствениот кој сега си ги бара парите назад, вкупно 156 инвеститори бараат да им бидат вратени 100 милиони евра.
Оваа афера се однесува на крајот од 2013 година, кога Строс Кан е назначен за претседател на фондот за инвестирање ЛСК од Луксембург. Фонд кој сакал да го претвори во Фонд за шпекулации со 2 милијарди долари (1,5 милијарди евра), затоа тој внесува 103 милиони евра со цел да го спаси.
Фондот на времето се наоѓа во незавидна положба, вработените зборуваат за сомнителни практики и сметководство од средниот век. Една година подоцна, Фондот во ноември 2014-та прогласува банкрот. Властите на Луксембург водат истрага за ЛСК. Доминик Строс Кан во меѓувреме дискретно поднесува оставка, а три дена подоцна неговиот партнер Тјери Лејн се самубива во Тел Авив.
Адвокатот на Доминик Строс Кан, Жан Веил, тврди дека неговиот клиент немаше „операционална улога“ и дека и самиот бил измамен во оваа афера и дека не бил информиран за начинот на работењето на фондот. Ова според специјалистите за меѓународни финансии е многу тешко да се верува.
Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ
