Поликлиниката Ѓорче Петров доби пункт за брза помош

16.10.2015 17:02

Поликлиниката Ѓорче Петров доби пункт за брза помош. Општината ќе ја опслужуваат лекарски тимови во три смени. Лекарите бараат отварање и на специјалистички здравствени ординации...

Ќе се намали времето на чекање на итна медицинска помош во Ѓорче Петров. Во поликлиниката отворен е пункт за брза помош. Општината ќе ја опслужуваат лекарски тимови во три смени. Ако има потреба од повеќе возила, како и досега ќе им помагаат колегите од поликлиника Букурешт.

Според надлежните, освен достапноста на итната медицинска помош приоритет, е и отворањето на специјалистички здравствени ординации.

Во Здравствениот дом Скопје наскоро ќе бидат воведени нови дијагностички услуги. Набавка на апарат за ЕЕГ е при крај, информираше министерот Тодоров. За две до три недели во функција ќе биде ставен и апарат за компјутерска томографија.

 

Наташа Јанчиќ