Оглас за новата генерација македонски воени пилоти
Во Центарот за обука на пилоти стартуваше обуката на петтата генерација.. Министерот за одбрана Јолевски апелира, младите да се пријавуваат на новиот оглас за пилоти што ќе трае и во ноември. За првпат македонски питомци четири години ќе се школуваат и во американската академија „Колорадо Спрингс“...

Небото над армиската база „Страшо Пинџур“ не им беше сојузник на македонските пилоти и кадети за да ги покажат квалитетите во модерниот центар за обука на пилоти. Затоа, должностите на земја функционираат беспрекорно во што можеа да се уверат и министерот Јолевски и началникот Величковски. Поривот да се биде дел од височините, да се здобијат со висококвалитетни знаења е забележителен меѓу петтата генерација идни воени пилоти.
Меѓународниот центар за обука на пилоти ја нуди 18-месечната обука низ десетиците часови летање или навигација на чешките „злинови“ или канадските „бел“ хеликоптери и за НАТО земјите, но и за една воневропска држава за што Министерството е пред конечен договор.
Селекцијата е строга, од 74 кандидати, шестмина ја имале привилегијата да почнат со последната настава.
Американските питомци за првпат од наредната година ќе студираат на македонската Воена академија која треба да прерасне во Универзитет за национална одбрана. Комуникацијата на ова поле со земјите од Алијансата е постојано отворена, како и со земјите од регионот.
Зоран Богатинов
