Игор Ангеловски нов селектор на фудбалската репрезентација
На Веб страницата на ФФМ стои дека досегашниот помошник на веќе екс селекторот Љубинко Друловиќ своето деби на клупата на Македонија ќе го има на 12 ноември против Црна Гора, а пет дена подоцна и против Либан.
Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија на пријателските натпревари против Црна Гора и Либан закажани за следниот месец во Скопје. На Веб страницата на ФФМ стои дека досегашниот помошник на веќе екс селекторот Љубинко Друловиќ своето деби на клупата на Македонија ќе го има на 12 ноември против Црна Гора, а пет дена подоцна и против Либан. Иако сеуште не е официјализирано, по завршување на тие мечеви Ангеловски најверојатно ќе биде назначен за селектор на репрезентацијата а во меѓувреме актуелниот тренер на Работнички ќе ја заврши полусезоната во својот клуб.
Инаку Друловиќ кој се загуби во циклусот веднаш по квалификациите за Е П од вчера е промовиран во тренер на Партизан од Белград . Тој ќе остане запаметен како најнеуспешниот селектор досега со само 1 бод од 15 можни, и со еден постигнат гол во најслабите квалификации во историјата на македонскиот фудбал.
