Дали изумираат зелените пазари

17.01.2014 16:10

Преполни тезги, празни пазари. Последните две до три години зелените пазари ја губат битката со големите маркети. Бит-пазар, Зелен пазар, пазарот во Буњаковец, Тафталиџе, беа традиција за пазарување. Но, последните години пазарите сѐ повеќе се избегнуваат. На цена добиваат  затворените трговски центри и големи маркети.

-Народот го нема тука отидоа по маркетите ,каде што има подобра услуга .погледнете какви се овде услугите.

-Пазарите со стока се полни ,но маркетите ни ја спуштаат цената и не можема да работиме .

Пазарџиите одамна бараат подобри услови за работа за да привлечат поголем број купувачи.Зимата им е тешко, кога е најстудено.

Атрактивни сами по себе стануваат и пиљарите . Во нив се продава  речиси се од рукола до манго. Оваа  пиљара  има  одлична потрошувачка, набавува  зеленчук и овошје два пати дневно. Муштериите се задоволни. Велат поради блискоста можеме и три пати да се вратиме и да пазаруваме .

-Мислам дека цените се пониски од пазарите , и блиску ми е .

-Цените се исти како на пазарите може и поевтино.Свежи се производите, одам и на пазар но овде почесто.

Граѓаните  велат   во маркетите нема да бидат измамени , знаат што има во нивното  ќесе.

-Можам да изберам што сакам .  На зелено пазарче ќе треба да платам и паркинг.

Во писмен допис до МТВ, од Скопски Пазар не се согласуваат дека намалената продажба на пазарите се должи на несоодветната инфраструктура.

„ Тврдиме дека најголемиот број на пазари ги задоволуваат стандардите .Скопски пазар веќе неколку години е во процес на  модернизација на пазарите .Сметаме дека намалената продажба се должи на пост празничниот период  и намалената понуда на  квалитетни земјоделски производи. “

Новинар: Дијана Ценевска  

Снимател: Влазним Власаку