Во Кавадарци осветена новата црква „Света Преподобна Параскева-Петка“
18.10.2015 14:53
Присуствуваа голем број на граѓани, како и бројни високи претставници од политичкиот и деловниот врв...

Во Кавадарци денеска беше осветена новоизградеаната црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Со самиот чин на осветување чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, по што следуваше и свечена литургија.
Присуствуваа голем број на граѓани, како и бројни високи претставници од политичкиот и деловниот врв. Таму беа претседателот на државата Ѓорге Иванов, вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска,...
Претседателот Иванов во изјава за медиумите рече дека е чест да се присуствува на осветувањето на прекрасниот храм.
Храмовите се места каде верниците доаѓаат по својата вера, надеж и љубов. Се надевам дека овој храм на сите верници од Кавадарци и околината ќе им донесе многу радост, многу среќа и вербата во Бога да ја негуваат, учествувајќи на сите настани кои ќе се одбележуваат во оваа црква, порача Иванов.
