Зајакнување на семејните вредности преку спортот
Детски џагор и насмевки во спортскиот центар Борис Трајковски. „Спортот и семејните вредности“ беа промовирани преку забава, спортување и дружење. Семеен настан кој се претендира да прерасне во традиција...

Насмеани детски и родителски лица. Задоволството се гледа во нивните очи. Заеднички се натпреваруваат. Не е важен победникот, туку поддршката од мама и тато.
Спортската арена „Борис Трајковски“ беше средиште на задоволни семејства. На денешното мени беа спортски натпревари во фудбал, ракомет, кошарка, тенис, пливање, куглање, пинг-понг, ритмичка гимнастика, карате и што ли уште не.
Живееме во динамично време, со многу обврски, службени работи и бркање кариера. Семејните вредности недостасуваат. Нашите деца од нас очекуваат повеќе внимание.
И политичари уживаа во миговите поминати на денешниот настан. Присутни беа и познати спортисти со нивните семејства. На едно место ги промовираа семејните вредности и спортот. Ги одмерија силите со посетителите. Порачаа и децата и родителите што повеќе да спортуваат.
Најдобрите семејни тимови добија симболични награди.
Наташа Гркова- Петрушевска
