Хан во Скопје на средби со партиските лидери

19.10.2015 10:32

Европската Комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот...

Комесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска ќе допатува во земјава за да ги придвижи преговорите за имплементирање на политичкиот договор од 2-ри јуни и 15-ти јули.

Како што потврди неговата портпаролка Маја Коцијанчи, Европската Комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.