Седница на Советот на јавни обвинители

19.10.2015 10:39

Таа пред неколку дена ги повика да не ја дадат изјавата, се додека не се комплетира нејзиниот тим...

За денеска е закажана седница на Совет на јавни обвинители на чиј дневен ред е давање свечена изјава на седумтемина избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Таа пред неколку дена ги повика да не ја дадат изјавата, се додека не се комплетира нејзиниот тим.

Преговорите на работните групи за реализирање на договорот од Пржино  резултираа со испраќање писмо до советот на јавни обвинители да се комплетира целосно тимот на Јанева .