Нема услови за почеток на есенската сеидба
19.10.2015 10:45
Нема услови за почеток на сеидбата. Внежливото време го спречи и собирањето на родот на оризот, на винското грозје и есенските плодови во градинарството...

Последните врнежи не им годат на ниедна земјоделска култура. Сериозни проблеми има кај доцните сорти на грозје, кај овошките и кај градинарските култури на отворено, кај есенската сеидба и жетвата на оризот, пченката и на сончогледот.
Добро е тоа што сеуште нема есенски мразеви, па тутунарите ќе можат да соберат поголеми количества на листови на тутун од врвовите на растението кои се најквалитетни доколку добро се исушат.
Високото количество на влага во почвата веќе ги намалува и шеќерите во плодовите, а со тоа и нивниот квалитет.
Методија Трајков