ЕУ усвои нацрт-закон за укинување на санкциите против Иран

19.10.2015 11:06

Според иранскиот министер за надворешни работи, тоа е важна фаза во имплементирањето на спогодбата...

Европската унија усвои нацрт-закон за укинување на европските санкции против Иран согласно спогодбата за Иранската нуклеарна програма од јули.

Според иранскиот министер за надворешни работи, тоа е важна фаза во имплементирањето на спогодбата.

Усвоениот документ автоматки спатува во сила, откако Меѓународната агенција за нуклеарна енергија ќе потврди дека Иран ги исполнува мерките, договорени со нуклеарната спогодба.