Австрија: Не примаме повеќе бегалци

19.10.2015 11:12

Австриската министерка за внатрешни работи во разговор со словенечката министерка истакнала дека нејзината земја има проблеми со сместувачките капацитети и со снабдувањето на бегалците...

Австрија ја извести Словенија дека повеќе не може да ги прима бегалците што Словенија ги испраќа во таа земја.

Австриската министерка за внатрешни работи во разговор со словенечката министерка истакнала дека нејзината земја има проблеми со сместувачките капацитети и со снабдувањето на бегалците.

По затворањето на унгарската граница кон Хрватска, бегалците на патот кон побогатите земји на Европската Унија се насочија преку Словенија.