За четири месеци 155.739 мигранти минале низ Македонија

19.10.2015 11:54

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 106.915, потоа Авганистан 25.818, Ирак 11.697, од Пакистан 3.729...

Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.909 странски државјани, од кои 1.595  се од машки пол, 482 се од женски, 638 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 194 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.648, Авганистан  626, Ирак 382, додека другите се во помал број.

За четири месеци, издадени се потврди на вкупно 155.739 странски државјани, од кои, 99.600 се од машки пол, 21.532 се од женски, 28.218 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.389 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 106.915, потоа Авганистан 25.818, Ирак 11.697, од Пакистан 3.729, Иран 1.806, Палестина 1.507, Сомалија 824, Бангладеж 828, од Конго 450, Нигерија 244, Камерун 218,  Еритреја 204, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.