Богота: Пет жртви во авионска несреќа

19.10.2015 11:57

Според полицијата, загинал пилотот и уште тројца патници...

Пет лица загинаа, а седуммина се повредени кога се урнал мал авион веднаш по полетувањето во стамбена област во Богота. Меѓу загинатите е и пилотот.

Според полицијата, загинал пилотот и уште тројца патници. Петтата жртва и седумтемина повредени се наоѓале во локалната пекара која се запалила откако делови од авионот паднале врз објектот.

Ова е трета несреќа од ваков вид во Богота во последните три месеци.