Нигерија: 11 загинати во самоубиствен напад на две жени

19.10.2015 12:02

Таа област повеќепати била цел на припадниците на Боко Харам...

Најмалку 11 лица загинаа на североистокот од нигерија откако две жени се разнеле меѓу група луѓе кои се собрале поради напад на исламистичката група Боко Харам.

Таа област повеќепати била цел на припадниците на Боко Харам кои ги зајакнаа нападите откако претседателот Мухамед Бухари ја презеде власта во мај и вети дека ќе ги запре до декември.

Од мај, во напади во земјата загинале 1.350 луѓе.