Греење во училиштата

17.01.2014 16:16

И во новата година остануваат  старите проблеми . Дел од струшките основни училишта повторно ќе немаат доволно нафта која ќе ги грее учениците во целиот зимски период .Во телефонски разговор за МТВ , дел од директорите потврдија дека располагаат само со  2 тона  , количина која нема да биде доволна за целото  второто полугодие  . Побаравме и став од општината . Ниту ја потврдија ниту ја негираат  оваа информација .  За разлика од нив , средните струшки училишта  ќе имаат греење за цела сезона .

Немаме моментално проблем имаме нафта и за наредните месеци јануари , февруари . Така да покриени сме со греење .

Нема зима за училиштата во Тетово , Прилеп , Скопје и Куманово .Надлежните од овие градови тврдат дека дрва и нафта има доволно ..

Пред неколку месеци во  две кумановски училишта  децата беа приморани да седата со јакни поради проблеми со греењето , но проблеот беше надминат . Од  министерството за образование информираат дека блок - дотациите за училиштата редовно се префрлаат и се различни за секоја општина  во зависност од бројот на училишта , ученици и квадртурата . Останува на општините и  директорите на училиштата разумно да менаџираат

Викторија Тодоровска