Парламентарни избори во Канада

19.10.2015 12:16

Првите гласачки места ќе бидат отворени во 13 часот по средноевропско време, а поради неоколкуте часовни зони во земјата, гласањето ќе трае до утре изутрина во четири часот...

Околу 26,4 милиони канаѓани со право на глас денеска ќе избираат 338 пратеници на новиот состав на долниот дом на канадскиот парламент.

Првите гласачки места ќе бидат отворени во 13 часот по средноевропско време, а поради неоколкуте часовни зони во земјата, гласањето ќе трае до утре изутрина во четири часот.

Според анкетите, се очекува неизвесна трка за победа меѓу владејачките конзервативци и опозициските либерали.