Избраните помошници на Јанева не дадоа свечена изјава

19.10.2015 12:47

Откако политичките партии испратија писмо до Mинистерот за правда, Аднан Јашари, со барање да се изберат и останатите седум членови, министерот го доставил писмото до Советот...

Седумтемина избрани обвинители кои требаше да бидат тимот на Катица Јанева денеска не поднесоа свечена заклетва.

Денеска 15 минути по закажаниот термин за давање свечена изјава на седумината избрани обвинители на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева очигледно е дека тие нема да пристигнат и да дадат свечена изјава, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски.

Откако политичките партии испратија писмо до Mинистерот за правда, Аднан Јашари, со барање да се изберат и останатите седум членови, министерот го доставил писмото до Советот кој пак го препратил до Специјалната обвинителка.