Хан ќе ги придвижува политичките преговори

19.10.2015 13:03

Еврокомесарот прво ќе има одделни средби со политичките лидери, а потоа попладне и на заеднички состанок со четворката...

Комесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе се обиде да ги придвижи преговорите за имплементирање на политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули.

Еврокомесарот прво ќе има одделни средби со политичките лидери, а потоа попладне и на заеднички состанок со четворката.

Неофицијално се очекува  на средбите да стане збор освен за изборниот законик и за изборот на новите министри, како и двата предлог закона за „бомбите“ и за „свиркачите“, за кои рокот истекува утре.