Уште две средни училишта во Скопје ќе користат природен гас за загревање
Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ се приклучија на групата од вкуно 4 средношколски центри во метрополата кои ќе имаат заштеда од 50% во трошоците за греење...

Уште две средни училишта од оваа грејна сезона ќе користат природен гас за загревање. „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ се приклучија на групата од вкуно 4 средношколски центри во метрополата кои ќе имаат заштеда од 50% во трошоците за греење.
„Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50 % од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу 4 години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за газификација на уште седум средни училишта“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Со реализација на овој проект Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас, со целосно елиминирање на емисија на сулфур двооксид и саѓи, големо смалување на азотните оксиди и значително намалување на емисијата на јаглеродиоксид.