НАТО ја почнува најголемата воена вежба од 2002 година
Тринеделната вежба „Периодот на трозабецот“ ќе се одржи во замислен африкански регион, наречен Соротон, управуван од непријателски диктатори, каде што почнал терористички бунт и каде што царува етничка тензија...

НАТО ја почнува најголемата воена вежба на копно, во вода и во воздух од 2002 година, која според Алијансата ќе биде најголем тест за нејзината воена способност. Тринеделната вежба „Периодот на трозабецот“ ќе се одржи во замислен африкански регион, наречен Соротон, управуван од непријателски диктатори, каде што почнал терористички бунт и каде што царува етничка тензија.
Ќе вежбаат околу 36 илјади војници и цивили, 130 авиони, 16 хеликоптери и 60 брода и подморници. Ќе учествуваат 30 држави, вклучувајќи ја Украина како и членките на Африканската унија.
Русија е поканета да ја следи вежбата како набљудувач.
