Прилеп, единствен град на балканот кој целосно ќе врши селекција на отпад

17.01.2014 16:23

Прилепски Комуналец останува и натаму лидер за примарна селекција на отпад во Македонија. Во 2013-та, за разлика од 2012-та селекцијата е двојно зголемена, односно сега во Прилеп се селектираат 30% од вкупниот отпад во градот. Проектот почна во 2008 година, досега се поделени 12 илјади бесплатни канти за селекција кај домаќинствата, годинава ќе се поделат уште 12 илјади.

„Како комунално претпријатие ние од тоа имаме приход од кој сме задоволни, односно целиот проект се финансира сам од себе, не е на сметка на другите комунални дејности“, вели Златко Ристески, директор на ЈКП Комуналец – Прилеп.

Од рециклираната пластика и хартија Комуналец има приход од 120 илјади евра годишно. Инаку, веќе е набавена и линијата за секундарна селекција на отпадот, која исто оваа година се планира да се стави во функција.

Со  отворањето на оваа линија, која ќе го доселектира отпадот, и со отворањето на компостарата која ќе го рециклира органскиот отпад, се планира во иднина да се отворат нови 200 вработувања.

Граѓаните се задоволни од воведувањето на селекцијата.

„Ова е многу добар проект, претходно пластиката и хартијата се расфрлаше, а сега е многу почисто. Ако сакаме во Европска унија мора да се приближиме кон нив, така и во културата на живеењето“, велат граѓаните.

Кога ќе се комплетира целиот проект би се селектирале 60 насто од целокупниот отпад во Прилеп.

„Во 2015 година во Прилеп ќе може да се селектира околу 60 или 65% со што ќе стигнеме и некои европски градови според процентот на селектиран отпад“, истакна Златко Ристески, директор на ЈКП Комуналец – Прилеп.

Со ова, Прилеп не само во Македонија туку и на Балканот ќе биде единствен град кој целосно ќе ја има имплементирано селекцијата на отпад.

Новинар: Дарко Штаргоски

Снимател: Илчо Димоски