„Незрели цреши“ премиерно во МКЦ
Македонската телевизија е копродуцент на новиот краткометражен игран филм „Незрели цреши“ во режија на Небојша Јовановиќ. Филмот пред македонската публика премиерно ќе биде прикажан утре во Младинскиот културен центар...

Македонскиот краткометражен филм „Незрели цреши“ на младиот режисер Небојша Јовановиќ е еден од фаворитите на Меѓународниот фестивал во Драма- Грција. Реакциите за филмот не стивнуваат, можеби поради секогаш актуелната тема-конфликтот од 2001-та. Пренесен на филмското платно, ја воодушеви публиката на меѓународниот фестивал.
Во краткометражниот филм „Незрели цреши“ за прв пат по повеќе од 10 години се појавува Коле Ангеловски. Во екипата актери учествуваат и Александар Микиќ и Изабела Новотни.
Филмот ќе биде прикажан во официјалната програма, а ќе се натпреварува за првото место во конкуренција на краткометражни филмови од целиот свет. На овој престижен фестивал Македонија учестува за првпат, во конкуренција со 57 филмски остварувања. Победникот ќе се квалификува за Европските филмски награди, познати како Европски Оскари.
Александра Перевска
