Надлежните ги решаваат проблемите на граѓаните
Решавање на проблемот со водоводната мрежа во Долно Лисиче, нови патишта. Ова се дел од проектите кои владата ги договори на координативниот состанок. Премиерот Груевски ги задолжи министрите и градоначалниците да ги решат проблемите со коишто се соочува локалното население...

Нов базен за жителите во општина Шуто Оризари, нов пат до село Крилатица и негово поврзување со Кратово, изградба на повеќенаменско игралиште во Драчево, нов проект за водоводна и канализациона мрежа за Сопиште и Кисела Вода - се дел од проектите кои се договорија на вчерашниот Координативен состанок.
Ќе се реши и проблемот со водоводната мрежа на граѓаните од Долно Лисиче. Договорена е реконструкција на патот за Крилатица и негово поврзување со Кратово кое ќе се одвива низ повеќегодишен план. Во моментот се работи на потегот од Ранковце спрема Крилатица во должина од 2 километри
На барање на граѓаните освен во Пинтија, повеќенаменско игралиште ќе биде изградено и во населбата Драчево.
Во сите општини во кои што има изградено спортски сали од страна на владата, два пати неделно по најмалку два часа граѓаните ќе можат да ги користат бесплатно.
Овој вид на координативни состаноци во владата ќе продолжи и во идниот период.
Андријана Атанасовска
