Никовски: Поради гафот на Заев, Израел ќе почне поинаку да гледа на Македонија
Не стивнуваат реакциите за посетата на лидерот на СДСМ на Тел Авив откако амбасадорот Оријан се јави и со втор демант, овој пат за наводна средба со претставници на МОСАД. Поранешни дипломати велат дека со ваквото однесување на Заев, Израел ќе почне поинаку да гледа на Македонија...

Штета за државата и срам пред светот – не стивнуваат реакциите за изјавите по посетата на лидерот на СДСМ на Израел. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски вели дека, Заев сакал да преувеличува некои работи коментирајќи ги последните деманти од Израел дека првиот човек на опозициската партија имал средба со вториот човек на МОСАД.
„Посетата на Заев предизвика толку големи проблеми, токму поради тоа што човекот сака некои работи да ги зголеми, да ги нагласи, други да ги прикрие и доаѓаме до едни вакви конфузии. Во секој случај посеата и нанесе штета на државата. Посрамени сме пред светот бидејќи се однесуваме дволично. Последици ќе следат секој случај, јас не верувам дека ќе се пореметат односите со Израел, меѓутоа во секој случај ќе има одредени консеквенци“, смета поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
Дека не била планирана и дека немало средба на Заев со претставници на Израелската разузнавачка служба со вториот човек на МОСАД, за македонската информативна агенција соопшти израелскиот амбасадор во земјава, Дан Орјан. „Со ваквото однесување на Заев не би можела во целина да се загрози доверливата комуникација, но се отвора прашањето – ќе гледа ли Тел Авив на земјава како досега“, вели Никовски.
„Во целина не би требало да има голми последици, но дека ќе има одредени размислувања за Македонија во Тел Авив тоа е сигурно. Во странство сите ја претставуваме Македонија, тој што е на повисоко ниво има поголема одговорност. Со вакви гафови, со вакви неразбирливи однесувања штетата е апсолутно долгорочна“, нагласува Никовски.
Официлален Тел Авив веќе реагираше и за средбата на Заев со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом. Оттаму рекоа дека станувало збор за куртоазна средба на која не се разговарало за финансиски и безбедносни прашања.
Од СДСМ ја повторија изјавата на Заев и порачаа - оние кои не сакаат да разберат, ќе дојде момент кога ќе разберат.
Наташа Гркова- Петрушевска
