Фирма ќе го мери аерозагадувањето во Прилеп
Општина Прилеп ќе распише тендер за фирма која би го измерила загадувањето на воздухот во градот. Според сознанијата на локалната самоуправа воздухот не бил загаден бидејќи нема големи индустриски капацитети, но сепак за сигурност на граѓаните ќе се измерат и спорните ПМ-10 честички.
Општина Прилеп ќе распише тендер за фирма која би го измерила загадувањето на воздухот во градот. Според сознанијата на локалната самоуправа воздухот не бил загаден бидејќи нема големи индустриски капацитети, но сепак за сигурност на граѓаните ќе се измерат и спорните ПМ-10 честички.
„Спецификацијата на тендерот предвидува мерење на бучавоста, квалитетот на површинските води, квалитет н отпадните води, како и посебно внимание ќе се посвети на загадувањето на воздухот, каде на 4 мерни места во Прилеп ќе се испитуваат ПМ-10 честичките“, истакна Цветанка Николоска, инспектор за животна средина.
Единствени загадувачи во овој момент се издувните гасови на возилата и домаќинствата кои се греат на дрва или ќумур.
Исто така инспекторите ги контролирале и индустриските капацитети кои имаат Б интегрирани дозволи и кај нив до сега немало отстапувања од оние нормални граници за загадувањето на воздухот.
Според испитувањата на Центарот за јавно здравје, кој засега не ги испитува ПМ-10 честичките, но го испитува аеро седиментот, во 2013 година од 5 мерни места преку целата година биле земени 84 примероци на тој седиментот, кој само во 3 примероци покажал мало покачување на загаденоста.
„Можеме одговорно да кажеме дека воздухот одговара на законските прописи според параметрите кои ние ги испитуваме, согласно со она дека само 3 примероци ја надминуваат максимално дозволената граница и тоа само за 10%, значи не 10 пати туку само 10% од максимално дозволените граници“, изјави Петар Оханесјан, Центар за јавно здравје Прилеп.
Резултатите од мерењето кое ќе го спроведе Општина Прилеп ќе бидат познати најдоцна за еден месец.
Дарко Штаргоски
