Канадските Либерали на пат да формираат мнозинска влада
20.10.2015 10:29
Конзервативците го прифатија поразот, а досегашниот премиер Стивен Харпер ја најави својата оставка како лидер на партијата...

Канадската Либерална партија извојува убедлива победа на парламентарните избори, со што му стави крај на 9-годишното владеење на Конзервативците. Предводени од Џастин Трудо, синот на поранешниот премиер Пјер Трудо, се на пат да формираат мнозинска влада.
Конзервативците го прифатија поразот, а досегашниот премиер Стивен Харпер ја најави својата оставка како лидер на партијата.
Трета сила во канадскиот парламент останува левичарската Нова демократска партија, но со третина пратенички места помалку од претходниот состав.
