Седницата на Советот на јавни обвинители презакажана за утре

20.10.2015 11:29

Советот ја откажа денешната седница, на која меѓу другото се очекуваше да се расправа и за избор на останатите обвинители. Нова седница е закажана за утре...

Специјалниот обвинител Катица Јанева вчера достави до Советот на јавните обвинители ново барање за избор на членови на нејзиниот тим. Сепак, Советот ја откажа денешната седница, на која меѓу другото се очекуваше да се расправа и за избор на останатите обвинители. Нова седница е закажана за утре.

Петар Аневски, претседател на Советот, вчера потврди дека го добил дописот од министерот за правда да се изберат и останатите седум обвинители. Истиот го препратил до Катица Јанева која во текот на вчерашниот ден и официјално побарала од Советот да ја корегира претходната одлука.

Седумтемина избрани обвинители од тимот на специјалната обвинителка не се појавија на вчерашната седница на Советот на јавни обвинители да дадат свечена изјава.