Гостиварското обвинителство го истражува убиството во Врапчиште

20.10.2015 12:02

Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа во селото Врапчиште. По стореното дело, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар...

Сопруг ја убил својата сопруга и по убиството се предал на полицијата. Убиството се случуло синоќа во селото Врапчиште. Гостиварското обвинителство го истражува случајот. Информираат дека 49 годишниорт сопруг, кој е осомничен, ѝ нанел удар со секира во вратот на 44 годишната сопруга.

Убиството го извршил во спалната соба од семејната куќа во селото Врапчиште. По стореното дело, осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.

Според првичните информации, сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, а имаат и две полнолетни деца.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и крим-техника. Телото е дадено на обдукција. Од Обвинителство информираат дека истрагата продолжува за  расветлување на настанот.​