Планинарите на Пелистер спасени

17.01.2014 16:41

Акцијата за спасување на планинарите е успешно завршена

Акцијата за спасување на планинарите е успешно завршена. Сите планинари со помош на хелихоптер и спасувачка екипа на МВР беа евакуирани во близина на репетиторот Пелистер и упатени кон касарната во Битола каде беа пречекани од екипа на Итната медицинска помош при што беа направени и здравствени прегледи на лицата, информираат од Центарот за управување со кризи.