Нова ограда на балканската мигрантска рута?!
Ако Словенија или Австрија го редуцираат бројот на бегалци, ќе мораат и тие да го сторат истото, велат од хрватската влада...

Во најава е нова ограда на балканската мигрантска рута – хрватската влада е подготвена да ја изгради на границата со Србија ако пропадне планот Ц за транзит на бегалците. Ако Словенија или Австрија го редуцираат бројот на бегалци, ќе мораат и тие да го сторат истото, велат од хрватската влада.
„Само вчера во Словенија пристигнаа над 8.000 луѓе, иако само 2.000 поминаа во Австрија и покрај тврдењата на тамошните власти дека нивната политика не се сменила. Притисокот на бегалците што доаѓаат од Хрватска расте. Хрватска не ни дава никакво предупредување, ги пуштаат неконтролирано, дури и намерно ги распрснуваат по нашата граница“, изјави Миро Церар, премиер на Словенија.
Во текот на ноќта Словенија пропушти 5 илјади бегалци заглавени среде дожд и кал на границата. Дојде до инцидент на преминот Трновец, каде што полицијата фрлила солзавец на бегалците, меѓу кои имало жени и деца.
