МВР: За 24 часа издадени 2.696 потврди за азил, за четири месеци вкупно 158.435

20.10.2015 12:44

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 108.772, потоа од Авганистан 26.180, Ирак 12.006, Пакистан 3.744,Иран 1.896...

Изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.696 странски државјани, од кои 1.270 се од машки пол, 504 се од женски, 806 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 116 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.857, од Авганистан 362, Ирак 309, додека другите се во помал број.

Досега се издадени се потврди на вкупно 158.435 странски државјани, од кои 100.870 се од машки пол, 22.036 се од женски, 29.024 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.505 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 108.772, потоа од Авганистан 26.180, Ирак 12.006, Пакистан 3.744,Иран 1.896, Палестина 1.533, Сомалија 827, Бангладеж 828, Конго 450, од Нигерија 246, Камерун 218, од Еритреја 204, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението  за азил се поднесени 70 барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.