Нов јавен повик за проектот „Учиме од бизнис заедницата“

20.10.2015 13:18

Ќе трае во наредните два месеца, за да се подобри соработката меѓу владата и приватните претпријатија за унапредување на деловниот амбиент во земјава...

Утре ќе се објави нов јавен повик до компаниите за уште едно пријавување за учество во проектот „Учиме од бизнис заедницата“. Ќе трае во наредните два месеца, за да се подобри соработката меѓу владата и приватните претпријатија за унапредување на деловниот амбиент во земјава.

„Проектот „Учиме од бизнис заедницата“ се покажа како исклучително успешна алатка за подобрување на соработката помеѓу Владата и приватните компании, како и за унапредување на деловното опкружување во Република Македонија. Ги охрабрувам и повикувам сите компании независно во кој град се лоцирани да се пријават на јавниот повик и да придонесат секоја на свој начин за подобрувањето на бизнис климата“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Образецот за пријавување на компаниите ќе биде достапен на веб-страницата на Владата, како и на веб-страницата на вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори.

Од 2010 досега се разгледани околу 700 барања, и се посетени 517 компании.