Лига на шампиони

20.10.2015 13:45

Арсенал за да излезе од стапицата во која е фатен не смее да загуби од Баерн. По поразите од Динамо Загреб и Олимпијакос, „топџиите“ остануваат без избор, ќе мораат да го нападнат германскиот фудбалски џин! Баерн игра во одлична форма, на страната на Германците е и традицијата...

Најсилно вечерва ќе грми на „Емирати“ во Лондон. Арсенал за да излезе од стапицата во која е фатен не смее да загуби од Баерн. По поразите од Динамо Загреб и Олимпијакос,  „топџиите“ остануваат без избор, ќе мораат да го нападнат германскиот фудбалски џин! Баерн игра во одлична форма, на страната на Германците е и традицијата. Во претходниот циклус од Лигата на шампионите во првата нокаут-рунда го елиминираа Арсенал!Ако лондонската пресметка е далеку најпривлечната  вечерва, онаа во Загреб ќе е една од најважните за Динамо и Олимпијакос.

Пред Челзи и Мурињо претстојат многу флеки за вадење, по катастрофалниот старт во Премиер лигата! Состојбата за нијанса е поповолна во Лигата на шампионите, но вечер Челзи е пред ново големо искушение. Му гостува на Динамо во Киев, кој по саботниот дебакл во украинското дерби дома против Шахтјор и загубеното лидерство,  ќе се обиде  против Челзи да ја задржи водечката позиција во Г групата.

Друштвото од Е групата е со интересен дуел меѓу Баер Леверкузен и Рома.  Бате Борисов во студенилото на својата Арена,против фаворизираната Барселона ќе се обиде да ги загрее дланките на навивачите.

Навидум најмирно е во Х групата. Зенит,забревтан, силен е со намера и натаму  победнички да маршира.Русите во Санкт Петербург го чекаат францускиот Лион. Валенсија, на „Местаља“ против белгискиот Гент има важна меч-топка за значајно зачекорување кон нокаут-фазата!

Лига на шампиони:3 коло

„Е“ група:

Бате Борисов-Барселона

Баер Леверкузен-Рома

„Ф“ група:

Арсенал-Баерн Минхен

Динамо Загреб-Олимпијакос

„Г“ група:

Динамо Киев-Челзи

Порто-Макаби

„Х“ група:

Зенит-Лион

Валенсија-Гент