Деновиве врнежи од дожд со променлив интензитет

20.10.2015 15:53

Утре врнежите ќе престанат, а повторно нови пообилни врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен...

Од денеска нашето подрачје е под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет. Врнежите од дожд кон крајот на денот и во вечерните часови ќе се прошират и во другите подрачја, а пообилни ќе бидат во северните делови, локално над 20 литри на метар квадратен.

Утре врнежите ќе престанат, а повторно нови пообилни врнежи ќе има во четврток, кога на повеќе места се очекува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен.

Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.