Трагедија во Врапчиште- ја убил сопругата со секира
Трагедија во селото Врапчиште. 49 годишен маж, половина час по полноќ, во семејната куќа, со секира ја убил сопругата. Првичните информации се дека двајцата веќе подолго време биле во нарушени односи. По убиството, човекот сам и се предал на полицијата...

Се искарале, па зел секира и ја удрил сопругата по главата. 49 годишен жител на гостиварско Врапчиште вчера на спиење ја убил пет години помладата сопруга. Влегол во спалната соба и со еден удар во вратот и пресудил на жената, инаку мајка на две полнолетни деца. Потоа сам се предал во полиција.
Мажот работел како возач, а неговата сопруга како медицинска сестра. И двајцата биле од македонска националност. Што му претходело на убиството за сега не е познато. Неофицијално, сопружниците иако биле мирни луѓе, подолго време имале нарушени семејни односи, проследени со караници. Соседите тврдат дека проблемите настанале откако осомничениот за убиството почнал да пие.
Истражителите направија увид на самото место, а телото на жртвата е предадено на обдукција.
Анита Димитријевска
